Замрзни се! Одмрзни се!
Време е за замрзнување и одмрзнување! Брзина, игривост и физичка подготвеност комбинирани со музика и неколку едноставни правила, оваа активност ви дозволува да ја испробате вашата способност за брза реакција. Очекувајте многу интересни пози и смеа.
Соња Чаловска, Весна Пецева Графички дизајн: Катерина Николовска Лектура: Јана Михајловска Превод: Агим Лека
Музика со силен, брз ритам.
Индивидуална
Цели
Целта е кај децата да се развие способност за да се движат на одреден начин и потоа да застанат неподвижни во таа положба од 5 до 10 секунди.
Резултати
Децата се движат во одреден простор според претходно дадени насоки кога да се движат, а кога да застанат.
Игровна активност
Подготовка на музика за игра и одредување на простор за игра - дом/двор.
Со членовите од семејството се разговара за значењето на зборот замрзнување (како да застанат во одредена положба). Еден член којшто ја води играта, ја пушта и ја прекинува музиката во текот на играта; • во просторот за игра сите треба да трчаат во различни правци и да застанат на дадениот знак; • членовите од семејството се распоредуваат низ просторот; • им се објаснува дека додека ја слушаат музиката можат слободно да се движат низ просторот сè додека таа не престане, кога музиката ќе прекине, тие мора да се замрзнат во положбата во којашто се наоѓаат и не треба да се поместат сè до повторно пуштање на музиката; • доколку некој се помрдне/помести излегува од игра сè доследната/новата игра; • победник е тој што ќе биде најиздржлив (кога ќе останат само два члена се зголемува времето на замрзнување со цел еден од нив да биде поистраен во положбата).
На членовите од семејството им се објаснуваат правилата на игра. Дозволете им да испробаат повеќе различни позиции за да го одредите времето (пр. стоење на една нога). Покрај танцувањето, во играта може да се додаде и пеење со различна јачина и интонација, за да се ослободат од стрес и да се смеат заедно со семејството. Играта трае сè додека има интерес за неа.