Спаси го светот
Ова не е мала задача, со оваа активност ќе може да замислите суперхерој кој се бори за заштита на животната средина. Преку игра ќе имате можност да разговарате со детето за какви проблеми се присутни во животната средина, како влијаат ваквите проблеми и како може да се решат. Се разбира, заедно со нивниот супер кул и храбар супер херој!

Соња Чаловска, Весна Пецева Графички дизајн: Катерина Николовска Лектура: Јана Михајловска Превод: Агим Лека
Тетратки/листови хартија; парчиња картони; ножици.
Индивидуална
Цели
Целта е децата да покажат разбирање за проблемите на животната средина и како можат да помогнат за нејзиното зачувување.

Резултати
Децата наоѓаат решенија за зачувување на чистата и здрава околина.

Игровна активност
Подготовка на материјалите за цртање и сечење и гледање на видео.
Разговарајте со детето за значењето на животната средина и улогата на човекот претставени на видеото. Потоа детето треба на парче картон да нацрта и да ја исече контурата на суперхеројот на животната средина кој сам ќе го смисли.
Предложете му на детето да измисли некој суперхерој на животната средина која е многу значајна за здравјето на луѓето и зачувување на животот на Планетата Земја. Разговарајте со детето со какви проблеми на животната средина би се соочувал суперхеројот (на пример: ѓубре во реките - загадување), како влијае на околината и како би можело со практични примери тоа да се смени. Од картонот детето има задача да го направи својот суперхерој на животната средина. Со него може да смисли една практична конкретна ситуација и да направи кратка претстава што прави суперхеројот за да ѝ помогне на животната средина (со волшебна мрежа го собира отпадот од реките, измислил машина која го собира чадот од воздухот и сл.). На крај предложете му на детето во тетратка или на лист да ги напише или нацрта своите ветувања за сопственото однесување и постапките како еколошки суперхерој за зачувување на околината (дека е супер херој, ја средува собата, го селектира отпадот, ги полива цвеќињата и сл).