Си правиме приказни со картички
Оваа активност се базира на имагинација кај децата, каде што секое дете треба да си создаде своја лична приказна со помош на слики нацртани на картичките од нивните другарчиња. Односно да им помогнат во реалниот понатамошен живот да создаваат своја целосна приказна поврзувајки случки и настани кои ги виделе, слушнале или им се случиле.Идеална возраст за поттикнување на децата за ваков начин на размислување, односно за играње на оваа игра е од 4 до 6 годишна возраст.

Доколку сте автор на оваа активност, ве молиме контактирајте не.
Листови; Боици; Ножици
Заедничка
Цели
Да се оспособува за раскажување настани по слики кои имаат одреден редослед.

Резултати
Раскажува настани по слики кои имаат одреден редослед.

Игровна активност
Сечење на картички кои децата понатаму ќе ги користат за цртање.
Децата цртаат неколку предмети/ликови на картички. Картичките се ставаат пред децата, завртени наопаку. Секое дете избира по три картички и има задача да направи кратка приказна која ќе ги содржи предметите/ликовите од картичките.
На децата им се објаснува на кој начин ќе се создаваат приказни. Секое дете добива по 3-4 празни картички. Потоа картичките се поставуваат завртени наопаку за да не се гледа што е нацртано на нив. Секое дете избира картички по сопствен избор и смислува и раскажува приказна со поврзани дејствија според сликите кои ги избрало. Модераторот ги поттикнува со помош на прашања за да можат децата подобро да ги осмислат и раскажат приказните.