Цртање наопаку
Создадете уникатно уметничко дело со ликовните материјали кои ги имате во својот дом, на еден необичен начин! Потоа детето има можност гледајќи го своето уметничко дело да објасни што би било различно кога се црта или слика наопаку. Активност која дефинитивно нуди една поинаква перспектива.

Соња Чаловска; Весна Пецева Графички дизајн: Катерина Николовска Лектура: Јана Михајловска Превод: Агим Лека
Ниска маса; лист хартија; селотејп; прибор за цртање или сликање.
Индивидуална
Цели
Целта е кај детето да се развие креативноста и перцепцијата.

Резултати
Детето ја изразува својата креативност на сопствен начин.

Игровна активност
Подготовка на ниска маса, лепење на листови хартија на долната страна од масата.
На детето му се објаснува дека треба да црта легнато на грб под масата на листот кој е залепен над неговата глава, односно на долниот дел на масата.
Со детето се разговара дека во светот на уметноста, уметникот на свој начин ги изразува мислите и идеите. Така, на пример, познатиот сликар Микеланџело сликал на таван легнат на грб. Детето со ликовните материјали кои ги има во својот дом создава уникатно уметничко дело, со напомена дека треба да го исполни целиот простор на хартијата. Потоа детето гледајќи го своето уметничко дело објаснува што било различно кога се црта или слика наопаку. Членовите на семејството даваат свои коментари за сликата.