Емотивко
Целите се детето да се оспособи за да воочува и манифестира некои емоции во секојдневната комуникација; детето да ја усоврши координацијата за држење на ножичките во едната рака и сечењето на хартијата. Толерантноста е една од клучните особини кои треба да ги поседува едно дете па оваа активност ќе им помогне на децата да ја развијат и подобрат толеранцијата.

Петрушевска Наташа; Маџунковска Орхидеја Ѓорѓиевска
Картони; хартија во боја; колаж; лепило; ножици; фломастери и лист од блок
Групна, Индивидуална
Цели
Детето да се оспособи за да воочува и манифестира некои емоции во секојдневната комуникација; Детето да ја усоврши координацијата за држење на ножичките во едната рака и сечењето на хартијата.

Резултати
Детето може да опише што го прави среќен, тажен, исплашен и сл.; детето успешно сече со ножички

Игровна активност
Се отвора тема на разговор со децата во кој се поттикнуваат на искази за нивни искуства и доживувања за различни емотивни состојби.
Објаснување на играта за тоа дека според поставените ликови тие треба да ги препознаат емоциите.
На картон се поставени два лика (еден машки и еден женски, а на нив недостасуваат очите и устата). На картонот, централно горе, се ставени емотикони кои претставуваат различни емоции (тага, радост, лутина, изненаденост), и секое дете може да поставува картички со различни изрази на устата и очите кои се дадени во прилог. Децата седнуваат во круг и си подаваат едно огледало, па се поттикнуваат да ги покажат своите емоции и да ги опишат. На крајот секое дете искажува благодарност и се прегрнува со другарчињата.