Весела ракета
Како и самото име на оваа активност, така и во пракса Весела ракета буди позитивно и весело расположение кај секој од учесниците. Преку оваа активност детето се оспособува за визуелно восприемање и именување на броеви до 10, препознавње и правилно именување на 2Д форми, но развива и способност за изведување на координирани движења рака - око со користење различни материјали. Се изведува во училница.

Доколку сте автор на оваа активност, ве молиме контактирајте не.
Ножици; Лепак
Групна
Цели
Да се оспособува за визуелно восприемање и именување на броеви до 10.; Препознаање и правилно именување на 2Д форми.; Да се развива способност за изведување на координирани движења рака - око со користење различни материјали.

Резултати
Формира низа на броеви до 10.; Ги именува 2Д формите.; Може да го фокусира визуелното внимание.

Игровна активност
На децата им се дава готов шаблон со 2Д форми да ги исечат (прилог бр.5) и шаблон со ракета (прилог бр.2).
Преку разговор и упатство на децата им се објаснува начинот и постапката на играта (прилог бр 1). Децата се мотивираат со поддршка за да се одржи интересот за играта.
„Весела ракета” е весела тимска игра со максимум 6 играчи во која секој играч ја фрла коцката по два пати (во зависност колку играчи се вклучени), добиените броеви од коцката претставуваат одредени геометриски форми кои што треба да се препознаат и именуваат, а потоа да се залепат на шаблонот од ракета (прилог бр.2).