Авантура со годишните времиња
Активноста „Авантура со годишните времиња“ ве води кон вистинска авантура и уживање будејќи ја вашата креативност и самодоверба. Преку изработените 24 картички и 4 постери детето се оспособува за препознавање и вербално искажување на карактеристиките на годишните времиња. Се реализира за 30 минути и придонесува за когнитивниот развој кај децата и проширување на своите општи знаења.

Биљана Гапковска Крстева, Крстена Јовановска, Мирјана Стојчевска Илустрација: Катерина Николовска Превод и лектура: Агим Лека
Нема информации
Заедничка, Индивидуална
Цели
Да се оспособува за препознавање и вербално искажување на карактеристиките на годишните времиња.

Резултати
Детето умее да опишува и именува неколку карактеристики на годишните времиња.

Игровна активност
Изработка на 24 картички и 4 постери за годишните времиња.
На децата им се објаснува дека секое од нив треба да извлече по една картичка и да ја закачи на соодветното место.
Со децата се разговара за карактеристиките на годишните времиња и им се претставуваат постерите за годишните времиња. Потоа секое дете влече картичка, која откако ќе ја опише ја поставува на соодветниот постер од годишните времиња.