Мојот лик
Спремни за креативност? Нацртајте го вашиот лик на картон и направете коса од волница или врвки. Потоа, пробајте да изработите ваков лик и за останатите членови од семејството.

Соња Чаловска, Весна Пецева; Графички дизајн: Катерина Николовска; Лектура: Јана Михајловска; Превод: Агим Лека
Картонска подлога; Прибор за цртање и пишување; Волница или врвки во разни бои; Игла за плетење/шило/ножици; Селотејп; Ножици
Индивидуална
Цели
Целта е кај детето да се развие фината моторика.

Резултати
Детето е прецизно при користење на дланките и прстите.

Игровна активност
Подготовка на материјали.
Детето го црта својот лик на картонска кутија, но без коса. На делот каде што треба да биде косата тоа става точки, коишто потоа треба да се дупнат, односно да се направи отвор за да се протне волница или врвка (прилог бр. 1). Волницата/врвката се протнува низ отворот, а на задната страна се лепи со селотејп (или може да се заврзе). Доколку детето не може само, родителот му помага за да се направат отворите.
Со детето се разговара за сличностите и разликите во изгледот на луѓето и потоа детето треба да се опише самото и да ги опише членовите од семејството. Му се објаснуваат насоките за изработка на еден лик (детето избира дали ќе го прави својот лик или на некој член од семејството), а потоа доколку сака може да направи нова фризура со сечење на волницата/врвките.