Две вистини и една лага
Игра за развивање математички способности и стекнување нови знаења.

Николина Даралијовска Саботковска ‒ наставник по математика во ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Добрушево, општина Могила
Испечатени прилози, ножици, лепило, фломастери, листови хартија.
Групна
Цели
‒ Да користат редослед на операции и да стекнат вештини - слики да зaменуваат со броеви.
‒ Да развијат способности за откривање скриени неточни одговори.
‒ Учениците ја развиваат нивната способност да прават правилни одлуки.
‒ Ученците да креираат свои равенства со слики и да заменуваат броеви со слики.

Резултати
‒ Развиваат способности за откривање неточни искази.
‒ Креираат свои точни и неточни изрази.
‒ Преку користење слики, ги развиваат своите математички и логички вештини.

Игровна активност
За потребите на активноста, наставникот ги печати Прилог 1 и Прилог 2 за секоја група (зависно од бројот на ученици во паралелката, ако има четири групи, печати четири копии). Учениците да носат лепило, фломастери, ножици.
Учениците се делат во групи. Секоја група треба да ги заменува сликите со броеви и да провери кои се точни, а кои се неточни изрази. Во секоја задача има две вистини и една лага, учениците треба да откријат која е лагата. Победува групата со најмногу точни одговори.
Групите имаат задача да ги исечат сликите од Прилог2, да им дадат вредност конкретен број и да состават три изрази, од кои два се точни,а едно неточен. Сликите ги лепат на лист хартија и со фломастери запишуваат соодветни изрази. Групите меѓу себе ги заменуваат изработките и откриваат која е лагата.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Постои можност активноста да се приспособи за ученици со посебни образовни потреби, конкретно изразите можат да ги креираат со две слики. Пример, сликата лав = 7 и сликата слон = 5, да се насочат да состават изрази само со собирање или само со одземање, односно во левиот дел од равенството да има само две слики.