BOARD GAME
Учениците се поделени во групи. Со помош на коцка се движат низ полињата и ги кажуваат речениците во соодветното сегашно време. До нив има дополнителни картички кои им требаат за одредено поле.

коцки, лист хартија, играч.
Групна
Цели
- Да чита и разбира куси и едноставни јазични искази за идентификување
конкретни информации во англискиот јазик на секојдневни теми и/или теми од најнепосреден интерес;
- Да користи ограничен базичен вокабулар и едноставни јазични искази соодветни за рамниште А1;
- Да соработува со останатите согласно со сите специфики на инклузивно образование кое стимулира емпатија и солидарност.

Резултати
- Слуша и разбира куси искази и едноставни реченици поврзани со училиштето, личните интереси и слободните активности;
- Чита и разбира многу куси едноставни описи на активности за да опише рутина или активност во моментот.

Игровна активност
Листови А4-формат, неколку коцки и распределба на учениците по групи.
Поделба на учениците во групи. Со помош на коцка учениците се движат низ полињата на играта и формирајќи реченици во соодветно сегашно време.
Поделба на учениците во групи. Играта почнува со старт и фрлање на коцката, учениците се движат по полињата формирајќи реченици во соодветното сегашно време. На одредени полиња земаат од дополнителните картички со глаголи формирајќи реченици. Победник е оној што прв стигнува до полето „Старт“.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Полињата на играта може да се променат со активности кои учениците ќе можат да ги изведат.