Кој е залутаниот?
Учениците развиваат логичко мислење откривајќи го натрапникот во дадената низа. Потоа ги спојуваaат лентите кои растат во ист чекор.

Јелена Мандиќ, Станче Штерјовска, Хилда Димитриевска
- ленти со низи од броеви - ѕвездички од хартија - лепило, ножички, - картички со броеви
Индивидуална
Цели
- Да знае да брои по 2, 3, 4, 5 и 10 до 100
- Да препознава парни и непарни броеви
- Да знае да подредува бројки почнувајќи од даден број.

Резултати
- Знае да брои по 2, 3, 4, 5 и 10 до 100.
- Препознава парни и непарни броеви
- Подредува бројни низи почнувајќи од даден број.

Игровна активност
Ленти со низи на броеви за 2, 3, 4, 5 и 10 поголем до 100. Ѕвездички од хартија за лепење врз натрапникот.
Учениците извлекуваат ленти со низи од броеви. Секој треба да го пронајде натрапникот на лентата и да го прецрта. Врз прецртаниот број лепи ѕвездичка од хартија и на неа го запишува точниот број. Лентите од ист чекор се спојуваат во низа до 100.
Од понудените ленти со низи од броеви, прилог 2, учениците ги извршуваат инструкциите и на крајот ги редат сите низи на табла по правилен ред до 100.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Учениците со ПОП редат картички со броеви од 1 до 20 по правилен редослед според нивните можности.