Тој е добар играч
Играта ги зајакнува самодовербата, љубопитноста и ангажираноста како карактерни вредности.

Билјана Лазареска, проф. по одделенска настава, ООУ„Вера Јоциќ“, Гази Баба, Скопје, Биљана Стојановска, проф. по одделенска настава, Јасминка Трајковиќ, проф. по македонски јазик
Картички Игра Коцка
Групна
Цели
- Да знае дека луѓето се разликуваат во однос на своите способности, капацитети и интереси
- Да знае дека луѓето имаат позитивни и негативни карактеристики
- Да знае дека луѓето можат да учат од сопствените грешки.

Резултати
- Знае дека луѓето се разликуваат во однос на своите способности, капацитети и интереси
- Знае дека луѓето имаат позитивни и негативни карактеристики
- Знае дека луѓето можат да учат од сопствените грешки.

Игровна активност
Се делат учениците во неколку групи, едни ја играт играта, други ги запишуваат одговорите.
Играта е слична на монопол, со вртење коцка се движите, одговарате на прашања и извлекувате карти.
На крајот се води дискусија за прашањата од играта. Дали некој би постапил поинаку? Кога и во кои ситуации се почувствувал среќен итн. Со дополнување и добивање поразлични одговори, ги согледуваат своите сличности и различности, како и заедничките интереси.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Секое дете треба да се поттикне да учествува во играта – им се дава предност во одговарање на прашањата на учениците кои поретко се јавуваат за збор и во текот на играта – треба да се изнајдат начини да се поттикнат сите деца да учествуваат доброволно.