Подај ми го цртежот, те молам!
Да се подобри тимската работа и комуникацијата, работењето во парови. Користење разни постапки и техники за цртање и сликање. Умее да ја објасни ликовната творба и врши сопствена естетска проценка.

Билјана Лазареска, проф. по одделенска настава, ООУ„Вера Јоциќ“, Гази Баба, Скопје
- лист од блок или А3-формат - фломастери - боички
Групна
Цели
- Да се запознава со различни видови линии – нивниот контраст, да ги применува во конкретен мотив
- Да знае да го претстави пред другите нацртаното
- Да претставува со цртање различни видови линии, развивање на визуелната и тактилната
перцепција.

Резултати
- Умее да го претстави пред другите нацртаното
- Ги знае различните видови линии – нивниот контраст, ги применува во конкретен мотив
- Да се зајакне тимската работа и комуникацијата.

Игровна активност
Секој ученик да подготви боички или фломастери и да внимава што сакало другарчето да започне да црта и да доцрта.
Учесниците не смеат да разговараат едни со други и да си дошепнуваат што започнале да цртаат.
Наставникот им задава одредена тема на група ученици и им кажува дека секој од нив има една минута (на тајмерот) да нацрта нешто на таа тема и потоа треба да му ја даде на другарчето до него да продолжи. На крајот стануваат и раскажуваат како се чувствувале кога го цртале цртежот.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Им се овозможува да цртаат заедно со нивните врсници, се поттикнуваат и стимулираат да согледаат дека изведувањето активности соодветни на своите способности и интереси причинува задоволство.