Минисликовница
Со сложувалка се добива слика за приказната. Усно се раскажува. Се добива нов лист со истата приказна во 9 слики, се пишуваат реченици за секоја слика и се прави минисликовница.

Јелена Мандиќ, Станче Штерјовска, Хилда Димитриевска
Прилог 1: - сложувалки од приказни - наставен лист - слики од приказни - хефталка - картон за корица за насловната страница - ножички - лепило
Групна
Цели
- Да се оспособи за усно и писмено изразување според хронолошкиот редослед на настаните
- Да се оспособува за креативно изразување.

Резултати
- Знае усно и писмено да се изразува според хронолошкиот редослед на настаните
- Креативно се изразува.

Игровна активност
Прилог 1: Сложувалка Прилог 2: Наставен лист со приказна во 9 слики
Секој ученик го добива прилог 1. Усно раскажува. Од прилог 2 ги сече сликите, пишува реченици и ги составува во минисликовница според хронолошки редослед.
Прилог 1 се составува/сложува во вид на сложувалка. Според добиената слика од сложувалката, се раскажува приказна. Од прилог 2 се сечат сликите и се пишуваат реченици. Сликите хронолошки се спојуваат една врз друга во минисликовница. Следи читање.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Ученикот со ПОП со поттик и поддршка од наставникот, со потенцирање на елементите од конкретна слика, кажува кратка реченица според неговите можности.