ambassador image
Гонџе Ејуби
Наставник по албански јазик
ООУ „Братство - Миѓени“ - Тетово
Работам во образование 23 години, а тоа што желбата во која верувам станува реалност е она кое ми овозможува да ја користам својата моќ и моите предности преку најдобар начин, користејќи најдобри алатки, да ги преточам во акција.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Гонџе Ејуби, работам во училиштето „Братство-Миѓени“ во Тетово и предавам Албански јазик. Во текот на мојата работа како наставник, од особена важност за мене беше одлуката кон што ќе се насочам себеси и кој ќе биде мојот фокус на делување. Особено кон тоа какво значење имаат работите за мене и што правам за да ги постигнам резултатите кои ги посакувам. Начинот за подобрување на нашите животни цели е да го следиме примерот на оние луѓе кои веќе стигнале таму каде што ние имаме желба и цел да стигнеме.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Работам во образование 23 години, а тоа што желбата во која верувам станува реалност е она кое ми овозможува да ја користам својата моќ и моите предности преку најдобар начин, користејќи најдобри алатки, да ги преточам во акција.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Мојата мотивација која придонесе за признанието да бидам ЕДУИНО-амбасадор, всушност е успехот на учениците. Им го препорачувам ова и на другите едукатори, затоа што нашата работа е света, па затоа треба да се посветиме максимално.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Новите искуства во мене поттикнаа промени, а секоја промена во корист на учениците е добредојдена. Ова е новиот начин на учење и во исто време е императив на времето. Новите генерации ќе го направат процесот на учење на поинаков начин отколку во минатото. Мислам дека иднината на образованието ќе биде светла, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Мора да се направат неопходните промени, мора да се научат нови работи што се во чекор со времето (како што се технолошките иновации) и тие мора да се имплементираат во пракса.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Одлична платформа што вреди да се поздрави.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Одлично!
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Незир Таири
Се трудам да бидам што е можно поблиску до децата, често им велам да ме сметаат како нивни другар што знае малку повеќе од нив.
ambassador image
Атинула Ничова
Мојата занимална е безбедна и стимулативна средина, најважно од сè ми е децата да се чувствуваат значајни, сакани и безусловно прифатени во воспитната група.
ambassador image
Душица Јакимовска
Благодарение на ЕДУИНО имав можност моите едукативни активности да ги споделам со едукатори, родители и деца од целата држава.