Марина Станиславова
Одделенски наставник
ООУ ,,Страшо Пинџур“- Неготино
Моја практика е и добрата комуникација и соработка со родителите, која е важна за да се заокружи воспитно-образовниот триаголник ученик-наставник-родител. Мојата клучна цел е да му дадам можност на секој ученик да биде најдобрата верзија од себе!
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Марина Станиславова вработена како одделенски наставник во ООУ ,,Страшо Пинџур“ во Неготино. За себеси би кажала дека сум енергичен и неуморен едукатор, што многу си ја сака својата професија, ентузијастка, амбициозна и креативна во својата работа и секогаш подготвена за новите предизвици од сферата на образованието.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Од самите мои професионални почетоци применувам интересни интерактивни часови, а учениците секогаш се во центарот на вниманието активно вклучени и поттикнати од многу предизвикувачки и проблемски ситуации за истражување. Енергијата во училницата, креативноста, активностите, иновативните техники и методи не само што го прават часот интересен и го задржуваат вниманието на учениците туку и ги охрабруваат и мотивираат учениците за сè поголеми постигнувања. Практикувам воспоставување и градење односи на доверба и почитување, чувство на припадност во училницата, а обрнувам и големо внимание на личниот и на социјалниот развој на учениците. Сметам дека јакнењето на вештините за личен развој на детето се клучни за неговиот понатамошен образовен, но и животен раст и развој. Моја практика е и добрата комуникација и соработка со родителите, која е важна за да се заокружи воспитно-образовниот триаголник ученик-наставник-родител. Мојата клучна цел е да му дадам можност на секој ученик да биде најдобрата верзија од себе!
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО-порталот за мене претставуваше голем предизвик, којшто го прифатив. Бев мотивирана да дадам свој придонес и да бидам дел од ЕДУИНО-заедницата, а и да им помогнам со свој личен придонес на корисниците на ЕДУИНО-порталот, а тоа се наставниците, учениците и родителите. Морам да признаам дека воопшто не беше едноставно да се осмисли, примени, анализира, да се одбере соодветна дигитална алатка, идеја, фотографија, дизајн и да се сублимира и пренесе на најинтересен начин планирата наставна содржина, но кога се работи со голема љубов и внатрешна мотивација сè е возможно. Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност во едукативни активности и лекции и да станат дел од ЕДУИНО-заедницата, а на тој начин ќе помогнат да се комплетира мозаикот од сите делчиња и да се покрие целиот наставен материјал.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Современо образование со современи училници, ресурси, технологија, потребни за подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во нашата држава. Континуирани обуки за новите наставници и јакнење на професионалниот развој на сите наставници, а со тоа враќање на дигнитетот и авторитетот на НАСТАВНИКОТ.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува дигитален извор на знаење, учење, идеи, соработка, поддршка.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Иновативно-креативен извор.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Весна Бошковска
Треба да создадеме генерации со развиено чувство на емпатија, самодоверба, способност за тимска работа и критичко размислување.
Сандра Колева
За мене магијата за успешен едукатор се состои токму во разбирањето на детските желби, интереси и начини на размислување.