
Горица Фердинанди
Одделенски наставник
ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола
Преку интеракција со учениците, ги мотивирам со обиди и грешки да доаѓаат до заклучоци без да се плашат да го кажат своето мислење. Така ги поттикнувам да истражуваат, да учат и да го применат наученото, кое се продлабочува во трајно знаење.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Горица Фердинанди, одделенски наставник во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. За себеси би кажала дека сум едукатор, кој многу си ја сака својата професија, позитивна, комуникативна и секогаш подготвена да го прошири своето знаење и да примени нешто ново во наставата со цел подобрување на личниот и професионалниот развој.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како едукатор, на своите ученици секогаш се обидувам да им ги направам часовите интересни и креативни каде учењето се темели на учење преку игра, истражување, меѓусебно помагање и почитување. Преку интеракција со учениците, ги мотивирам со обиди и грешки да доаѓаат до заклучоци без да се плашат да го кажат своето мислење. Така ги поттикнувам да истражуваат, да учат и да го применат наученото, кое се продлабочува во трајно знаење. Честопати организирам интересни работилници за екологијата, со цел да ја поттикнам свеста на учениците, повеќе да се грижат за здрава и чиста средина, а со тоа да бидат и добри екологисти.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Ме привлече концептот на ЕДУИНО, бидејќи имав можност да дадам придонес да ја збогатам ризницата со едукативни игри со кои ќе се поттикнува креативноста кај децата. Им препорачувам на колегите наставници да се охрабрат и да дадат свој придонес кон збогатувањето на библиотеката со игровни едукативни активности и да се приклучат во ЕДУИНО заедницата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Како ЕДУИНО Амбасадор иднината ја гледам со понатамошно усовршување и применување на стекнатите техники и стратегии во процесот на образование.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува платформа каде преку соработка и споделување идеи и искуства со колегите ќе го подобриме процесот на образование.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Богата ризница на едукативни содржини, игри и активности.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Мануела Димова
Создавањето на креативени, едукативени, иновативни начини и методи за пренесување на знаење е дел од моето секојдневие како наставник.

Валентина Тодорова
ЕДУИНО е нашиот пат кон успехот и воспоставување на применлива, трајна, квалитетна и иновативна настава.

Тинка Палиниќ
ЕДУИНО ме поттикна на критичко размислување и примена на стекнатите искуства и знаења во наставата.