ambassador image
Весна Јованова
Одделенски наставник
ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино
Просветен работник - едукатор кој зад себе има воспитувано и образовано повеќе генерации на ученици и имам стекнато големо работно искуство и тоа ме прави наставник кој успеал на многу ученици да им всади доволно знаење, општествени и морални вредности.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум просветен работник веќе 25 години и имам работено на повеќе работни позиции во основно училиште: воспитувач, педагог, директор, но последните 14 години сум одделенски наставник. Промената на работните позиции ми овозможи да го набљудувам наставниот процес од повеќе аспекти, а секое работо место беше предизвик од две гледни точки: работата со учениците и соработката со родителите. Многу ми е важна соработката и колегијалноста со другите наставници и секогаш се трудам истата да биде на високо ниво, бидејќи само така може да се биде комплетен наставник.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Имам голема љубов кон децата и желба да работам со нив. Таа моја животна желба ја преточив во реалност со завршувањето на Филозофскиот факултет група: Педагогија во Скопје и со моето вработување во основно училиште. Поради моето големо работно и животно искуство се чувствувам дека сум го достигнала мојот максимум како професионалец, родител и како човек воопшто. Но, успешниот наставник никогаш не се задоволува со тоа што го постигнал туку секогаш се стреми кон ново нешто, неосвоено и затоа континуирано работам на својот професионален развој. За таа цел континуирано посетувам разни работилници, обуки, семинари и вебинари од областа на образованието кои би ги применила во моето секојдневно работење со учениците.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Во периодот на пандемијата се јави и потребата од користење на повеќе дигитални алатки со цел поголема ефективност на онлајн наставата. За таа цел од голема помош на сите ни беа снимените часови од страна на пионерите на ЕДУИНО порталот, а посебно на нас повозрасните наставници кои потешко навлегуваме во овој нов дигитален свет. Но, со упорност и истрајност ако се сака може да се постигне многу, затоа треба да дозволиме да не водат амбициите во животот. По извесно време се јави и кај мене желба и јас да дадам свој придонес кон ЕДУИНО, односно да пренесам некоја моја наставна практика на другите. Па така се охрабрив тоа што го умеам најдобро да го споделам со останатите, а тоа им го препорачувам на сите одделенски наставници, богатството е во споделувањето со другите.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината во образованието е во реформирање на образованието по мерка на ученикот од 21 век. Треба да се следат тековите на новото време и промените што тоа ги носи во сите сфери на животот, а ваквите портали како што е ЕДУИНО токму тоа ќе ни го овозможат, олеснувајќи го прилагодувањето кон новонастанатите услови за нас наставниците.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Порталот ЕДУИНО е сервис за размена на позитивни практики помеѓу нас наставниците и на тој начин се надополнуваме меѓусебно. Токму затоа се појави мојот интерес да станам дел од ова големо семејство, кое секојдневно се зголемува.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Неисцрпен извор на добри образовни практики.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Кадрије Арифи
Како ЕДУИНО-амбасадор, иднината ја гледам како наставник кој постојано се стреми да најде иновативни и приспособливи стратегии како и модели на предавање за време на наставата.
ambassador image
Нусрет Хазири
Мојот главен мотив се учениците, а постоењето на видеолекциите е за тие да имаат дополнителна можност да го применат учењето на далечина.
ambassador image
Валентина Зиндл
ЕДУИНО е чекор кон напредок, успех и мотивација, им препорачувам на сите едукатори да земат активно учество во ЕДУИНО заедница.