Мирадие Бајрами
Одделенски наставник
ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово
Секогаш се трудам да бидам отворена, позитивна и комуникативна личност, која е подготвена да ги учи и да ги заштити своите ученици. Подготвена сум да ги охрабрувам и да ги мотивирам да бидат креативни во секој момент.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Мирадие Бајрами, учителка во основното училиште „Наим Фрашери“ – Куманово. Работам со ученици од прво одделение. Јас оваа професија ја сакам и ја работам со љубов. Многу ги сакам моите ученици, секој ден со многу радост децата ме чекаат пред вратата и ме гушкаат, но и јас ги сакам, бидејќи ја сакам мојата професија. Подготвена сум да ги охрабрувам и да ги мотивирам да бидат креативни во секој момент. Секогаш се трудам да бидам отворена, позитивна и комуникативна личност, која е подготвена да ги учи и да ги заштити своите ученици.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Практиката е секојдневна, таа е различна секој ден и има свое значење. Јас би ги издвоила секојдневните дискуси со моите мили деца.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Ковид 19 го промени светот и многу од нас наставниците за првпат во својот живот се запознаа со моделот на онлајн-настава и учење на далечина.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Јас мислам дека треба да има најпрво квалитетни кадри, бидејќи децата се непроценлив капитал на една држава и вложувањето во нив е вложување во иднината.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене е најомилениот портал, кој во време на пандемија го поддржа образовниот систем во нашата земја.
ЕДУИНО е колективен портал што беше најблиску до децата во време на пандемија, на кој учениците имаа можност да учат од дигиталните содржини.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Дружење и охрабрување.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
Мануела Димова
Создавањето на креативени, едукативени, иновативни начини и методи за пренесување на знаење е дел од моето секојдневие како наставник.
Насер Адили
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.
Милица Кабранова
Добриот едукатор секогаш наоѓа лесен начин да им ги пренесе образовните задачи на учениците на рзбирлив начин за нив.