ambassador image
Јелена Мандиќ
Одделенски наставник
ООУ „Вук Караџиќ“ - Куманово
Се трудам постојано да ги инспирирам учениците и да го одкривам најдоброто од секој од нив. Го следам интересот на детето, практикувам учење преку игра како метод на сознавање и развивање разни вештини. Постојано се усовршувам и ја ценам различноста. Детето во мене сè уште постои и е активно.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Јелена Мандиќ работам како одделенски наставник во ООУ „Вук Караџиќ” Куманово. Го следам интересот на детето, практикувам учење преку игра како метод на сознавање и развивање вештини. За мене успех е кога кај учениците ќе биде видлива среќата и задоволството, кога постојано ќе ги инспирирам и кога ќе го откривам најдоброто од секој од нив. Сакам да ја развивам креативноста на учениците и да ги поттикнам на самостојно размислување. Се трудам да обезбедам креативна и забавна средина како стимулација за учење и од класична средина да направам креативна и опуштена. Работам на својот личен професионален развој, ги следам новитетите што се воведуваат во воспитно-образовниот процес и веднаш ги применувам во практиката.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Има повеќе, но ќе издвојам колку е посебно кога правам едукативни видеа преку игри, реализирани на часовите со учениците и тоа што се препознаени од професионални лица. Современата дигитализација ни наметна брзо учење на дигитални алатки, така низ многу самојстојно научени алатки, реализирав дигитални содржини и сè уште реализирам од правење дигитални книги, квизови, сложувалки мултимедијални проекти, интерактивни игри итн. Креирање на многу едукативни игровни активности за домашни услови и во училницата за потребите на ЕДУИНО заедницата. Клучот да се биде добар наставник лежи во љубовта кон работата.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Детската среќа, созревање и учење служат како моја постојана мотивација, затоа што поддршката на децата од најрана возраст е од суштинско значење за правилниот социо-емоционален развој. Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност преку едукативни активности. Збогатувајќи ја библиотеката на едукативни активности растеме заедно како дел од ЕДУИНО заедницата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Новите искуства во мене поттикнуваат промени. Како ЕДУИНО Амбасадор и понатаму ќе работам на креирање на дигитални едукативни активности за децата и промовирање на овој начин на едукација помеѓу нас како едукатори. Верувам дека во дигитално поврзаниот свет има големи можности како за децата така и за нас како едукатори за да можеме на балансиран начин да ги искористиме придобивките што ги нуди дигиталната технологија. Доброто образование подразбира учење и стекнување на критичко размислување со цел решавање на проблемите. Во мојот фокус секогаш ќе биде соодветната едукативна поддршка на децата преку користење на креативни игри и дигитална технологија.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Поттикнување на нови иницијативи и активности. Поставување на средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации. Место каде што има размена на идеи, соработка и професионално усовршување.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Иновативна виртуелна училница.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Цанка Костова
Често применувам дигитални алатки во наставата од тие причини добив и мотивација да бидам дел од отворените повици на ЕДУИНО.
ambassador image
Сања Алексоска
ЕДУИНО е поттик за истражување и користење на најдобрите стратегии кои ги следат глобалните светски предизвици во воспитно-образовната работа.
ambassador image
Насер Адили
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.