Волшебни ленти
Преку оваа активност кај детето се развива способност за воочување и споредување на разликите кај предметите, но и способност за изведување на координирани движења рака - око со различни материјали. Расте креативноста и се подобрува моторичкиот развој кај детето.
Марија Здравковска;Виолета Здравевска;Маја Стојчевска; Даниела Спирковска; Графички дизајнер: Ева Димоска
Хартија во боја; ножици; лепило
Групна, Индивидуална
Цели
Кај детето да се развие способност за воочување и споредување на разликите кај предметите;Кај детето да се развие способност за изведување на координирани движења рака - око со различни материјали.
Резултати
Детето реди предмети врз основа на едно својство на растечка низа или низа што опаѓа; прецизно ракува со материјали.
Игровна активност
Сечење на ленти од хартија во боја со различни димензии, од 1 до 6 и повеќе см, дадени во прилозите.
Децата се делат во групи од по 4 деца на маса. Секое дете добива ленти во боја со различна ширина за полесно дефинирање на предметите и ги подредува од најтесна до најширока. Секое дете ја превиткува хартијата и прави ролна. Потоа ги исправа добиените цилиндри од ролните и ги подредува од најниска до највисока и обратно.
По 4 деца седат на маса на којашто е поставен материјалот за играта. Претходно исечените ленти се ставени на масите а на децата им се даваат по 3 ленти со различна ширина. Децата ги виткаат лентите во ролна, а потоа заедно сите деца од масата ги подредуваат според нивната висина.