
За нас
ЕДУИНО Ран детски развој е образовна платформа за воспитувачи, за одделенски наставници и за родители. Платформата содржи квалитетни и проверени едукативни материјали, игри и активности за деца од предучилишна возраст и од одделенска настава, односно од 3 до 10 години, со цел поттикнување на социоемоционалниот развој и учењето базирано на игра.
Оваа платформа обезбедува бесплатни едукативни ресурси, верификувани од страна на експерти од областа, наменети за учење преку игра и забава во предучилишните и во училишните установи, но и за родителите, за да се осигура квалитетно образование. Дополнително, платформата во иднина ќе понуди и можност за континуиран професионален развој на просветните работници.
ЕДУИНО РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Зошто ЕДУИНО Ран детски развој?
1
Поттикнување социоемоционални вештини кај децата.
2
Подобра организација на часовите и дополнување на програмата со креативни материјали за поефикасен и забавен начин на пренос на знаењето.
3
Размена на искуства меѓу просветните работници и нивно споделување со родителите на децата.
4
Платформа одобрена и поддржана од страна на професионални експерти во областа на образованието.
5
Идеи за квалитетно и продуктивно време поминато меѓу родителите и децата.
6
Пребарување квалитетни образовни ресурси со дополнителна литература, прирачници, едукативни текстови, извештаи, истражувања, брошури и слично, кои поттикнуваат социоемоционален развој кај децата.
7
Професионален развој на просветните работници преку специјално дизајнирани стручни видеоматеријали за професионална надградба, во форма на едукативни модули за едукатори.
Нашата визија
Нашата визија е платформата ЕДУИНО Ран детски развој да биде препознаена од воспитувачите, наставниците и родителите како портал кој нуди многубројни едукативни ресурси кои го поттикнуваат социоемоционалниот развој на децата од 3 до 10-годишна возраст. Исто така, платформата им нуди можност за професионален развој на наставниците и воспитувачите. Се стремиме секојдневно да го зголемуваме бројот на едукативни ресурси преку кои ќе се подигне квалитетот на образовниот процес на децата со цел да израснат во здрави личности. Долгорочно, гледаме кон иднината. Се надеваме дека оваа платформа ќе продолжи да се развива и одржува преку препознаеноста на нејзиниот потенцијал и преку трудот и учеството на едукаторите ширум државата.
Како работи платформата ЕДУИНО Ран детски развој?
Платформата ЕДУИНО Ран детски развој е платформа која нуди можност за поднесување едукативни активности од страна на наставници и воспитачи кои се активно вклучени во поддршка на едукативниот процес на децата од 3 до 10-годишна возраст на национално ниво. За да може да ги користете достапните ресурсите и да придонесете кон платформата потребно е да имате ваш профил и да се најавите. Тоа овозможува да користите голем број на едукативни материјали и активности кои ги користат вашите колеги или родители на деца.Кој стои зад платформата?



Кој сè може да придонесе кон платформата?
Сите наставници, воспитувачи и стручни лица од градинките и основите училишта на национално ниво се поканети да придонесат кон платформата! Ве охрабруваме и срдечно ве покануваме. Дополнително, ги охрабруваме и сите родители да нè контактираат со нивни забелешки и сугестии на нашата е-адреса: eduino@innovationlab.mk