Препознај ги емоциите
Самодовербата, мотивацијата и истрајноста се карактеристики кои кај децата треба да се развиваат уште од најраната возраст. Препознај ја емоцијата дава одлична можност децата вербално да ги искажат своите емоции и да ги препознаат кај другите. Оваа активност придонесува децата да ги развиваат своите социоемоционални и комуникациски вештини
Фанија Јанакиевска; Виолета Атанасовска; Марија Ивановска; Кристина Михајлоска
Ножици, лепак; Плутена или стиропорна табла;
Групна
Цели
Целта е детето да се оспособи за вербално изразување на сопствените емоции и емоциите кај другите.
Резултати
Детето препознава различни емоции според изразот на ликот.
Игровна активност
Сечење и лепење на коцка со емотикони (прилог бр. 1-шема за коцка и прилог бр. 2 емотикони)
Преку разговор, на децата им се објаснуваат правилата на играта, односно дека е потребно да се заврти коцката и да се разговара за емоциите. Децата се мотивираат со прашања во врска со емоциите за да се одржи интересот за играта
Децата се поставени во круг и со бројалка се одредува детето што ќе ја започне играта. Коцката со емотикони е во средина на кругот и детето ја тркала коцката. Детето треба да го препознае емотиконот на кој ќе застане коцката, да ја опише емоцијата и да имитира го имитира со својот лик. Потоа го препознава и покажува емотиконот на шаблонот зкачен на табла (прилог бр. 3-шаблон со емотикони). Во текот на играта на децата им се поставуваат прашања поврзани со емоциите и нивното изразување. Играта се игра додека сите деца не ја завртат коцката. На крај сите заедно ја пеат песната ,,Кога си среќен,,