Ѓердан од броеви
Математиката е важен дел од развитокот на децата. Активноста „Ѓердан од броеви“ ќе им овозможи на децата успешно да ја развиваат логиката. За оваа активност, препознавањето и подредувањето на броевите од 1 до 10 се едни од очекуваните резултати по завршување на активноста.
Данка Станкова; Марија Петрова; Александра Јосифова; Габриела Паунова-Коцева
Картонска кутија (капак, 1); цилиндрични котури од хартија (10); хартија во боја (5 листа); лепило (1); јаже (1.5м);
Индивидуална
Цели
Препознавање и подредување на броевите
Резултати
Детето редоследно ги подредува броевите од 1 до 10
Игровна активност
Подготовка на 10 цилиндрични форми коишто се облепуваат со хартии во различна боја и на секоја се испишуваат броевите од 1 до 10, а потоа се лепат на картонска подлога.
Секое дете јажето треба да го протнува низ цилиндрите според правилниот редослед на броевите.
Со повеќе активности децата се мотивираат за играта: броење од 1 до 10, препознавање на цифрите од низата 1-10 и сл.; им се покажува како да го нижат ѓерданот кој веќе е подготвен на картонска кутија. Секое дете самостојно се труди да го наниже ѓерданот со тоа што го протнува јажето од 1 кон 2, од 2 кон 3 итн.