Математичарот Дедо Мраз
Учениците го вежбаат собирањето до 20 со поставување збир врз два соодветни собироци. Збирот се наоѓа на задниот дел од сложувалката и со правилно пресметување се добива слика на Дедо Мраз.
Јелена Мандиќ, Станче Штерјовска, Хилда Димитриевска
- сложувалки од хартија со слика на Дедо Мраз - табели со собироци - ножички, лепило
Заедничка, Индивидуална
Цели
Да знае да собира броеви до 20 без премин.
Резултати
Собира броеви до 20 без премин.
Игровна активност
Се подготвуваат две сложувалки со Дедо Мраз во вид на картички. На задниот дел се наоѓаат збировите, а на другиот лист нивните соодветни собироци.
Сложувалките се сечат на 9 картички. Ученикот влече една картичка на која е даден збирот кој го поклопува/лепи врз соодветните собироци на другиот лист.
Учениците еден по еден влечат картичка, го согледуваат бројот и бараат поле на кое треба да го постават зависно од дадениот збир на вториот лист. Со правилно пресметување се формира сликата/сложувалка Дедо Мраз. По завршување на една сложувалка се преминува на втора со цел да се решат повеќе задачи.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Во оваа активност учениците со ПОП ги бројат картичките од сложувалката и опишуваат што има на сликата.