Пирамида, призма... 3Д
Мануелна активност и креативно создавање 3Д форми. Приказ и согледување на просторот што го заземаат.
Гордана Икономовска, ООУ „Круме Кепески“ Скопје
Пластелин, дрвени чепкалки за заби, картон за подлога, лист за цртање, линијар, молив.
Индивидуална
Цели
- Да развие способност за креативен приказ за формирање форма што зафаќа простор.
- Да научи дека 3Д формите се изградени од повеќе 2Д форми.
Резултати
- Самостојно моделира и создава 3Д форми.
- Именува 2Д форми што се ѕидови и ги формира 3Д формите.
- Опишува и споредува, врши анализа.
Игровна активност
Набавка на материјали – пластелин, дрвени чепкалки за заби. Разгледување, именување на изучените 3Д форми, заеднички разговор за бројот на ѕидови и темиња кај формите.
Секој ученик прво треба со пластелин да оформи топчиња од пластелин – темиња на 3Д формите, а потоа да формира страни и ѕидови со додавање чепкалки.
Индивидуална активност – месење пластелин, формирање топчиња, создавање 3Д форми. По креативен приказ на волумен и зафаќање на просторот, ученикот треба да ги нацрта 2Д формите. Учениците од 9 и 10 години може да нацртаат мрежа на изработените форми.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Во зависност од проблемот што го има ученикот, може да пронаоѓа 3Д форми во училницата. Со помош на асистент да се обиде да изработи една форма.