Град од кутии
Имагинацијата сплотена со препознатливите градби од целиот свет. Сето ова направено на забавен начин, преку коцки и форми од кутии и листови за да се креира еден нов игровен свет и објект. Оваа активност ќе ја потикне просторната свест на вашето дете, ќе го поттикне подобро да ги разбере формите.
Картонска амбалажа; Ножици; Лепак; Алуминиумска фолија; Весник / хартии;
Групна, Индивидуална
Цели
Да се развива детската креативност и самостојност
Резултати
Детето самостојно обликува од разновидни материјали
Игровна активност
Подготовка и собирање на материјалите за активноста
На децата им се објаснува дека може со сечење и лепење да ги обликуваат картонските кутии и да ги поставува на картонска подлога според својата замисла.
Со децата се разговара за изгледот на градовите и објектите во нив. Доколку се поголеми децата може да им се објасни и поимот архитектура и да се покажат примери на архитектонски решенија на одредени градови и градби (модерни или стари, како во примерот на прилог бр 1). Потоа, од разновидната амбалажа (прилог бр.2) што е достапна во околината, децата изработуваат куќи, згради, различни објекти, во зависност од возраста, развојните можности, и креативноста и ги поставуваат на картонската подлога планирајќи го просторот според својата идеја за поставеноста и изгледот на градот (со планирање на улици, јавни површини, паркови, плоштади и сл.). Децата објаснуваат како го замислиле градот, какви објекти каде поставиле и зошто, водејќи се од својата имагинативност за она што би сакале да го има во неговиот град